За Нас

Сѐ е поврзано со сѐ останато

Нашата Визија

Денешните и древните знаења носат заедничка порака и имаат заедничка суштина. И тоа може да биде проширено не само на древните источни култури, туку на сите древни култури. Нивната мудрост допира длабоко и го објаснува функционираањето на животот самиот. Нѐ поттикнува да размислуваме за човечките вредности и за начините како навистина да ги живееме во секојдневието, на сите полиња.

Сите развојни вештини се засноваат на себеспознавање и усовршување (self-awareness & self-management) за да потоа бидеме способни да ги спознаваме другите, а и да ги менаџираме односите со нив (others awareness & relationships management). Впрочем, успехот во бизнисот е категорија во која во најголем процент влијаат односите со луѓето и соработката со истите.

Без оглед од кој аспект пристапувате, која метода ја применувате или која терминологија употребувате, суштински личниот развој се сведува на тоа да се познавате себеси, да се прифатите такви какви што сте, за да во крајна инстанца можете да се промените и трансформирате. Промената започнува од себе, па промената на околностите и на другите луѓе ќе следува како резултат на личната промена. Во целиот тој процес, развиваме вештини, флексибилност и емпатија, што всушност и ја прави разликата.

Значењето на Арс Луцида

Арс Луцида можеше да биде наречено со безброј други имиња, но идејата беше да биде различно и невообичаено, како и луѓето, методите и сѐ останато поврзано со неа. А како што I have a thing со латинскиот јазик, кој by the way не го познавам, мислев дека во основата на многуте светски јазици ќе најдам соодветен назив за кој ќе обедини сѐ што ми се моташе по главата. Како со едно кратко и импресивно име да наречам една бескрајна, магична и животно важна тема како што е човекот во неговиот најголем сјај.

Сѐ во овој наш живот се однесува на уметноста со која светлината бесконечно креира и дискреира, низ разни начини на брусење и полирање на овој човечки дијамант. Таа нѐ поттикнува да се стремиме кон еволуција, чистота и толку многу спомнуваното просветлување (илити со свои зборови преважното самоспознавање) . Тој инстинкт е длабоко всаден во нашето битие, такашто ние свесно и несвесно, сакале или не, се движиме во тој правец, најчесто без основно разбирање за механизмите на тој процес.

Механизмот вели дека ни е потребен јасен ум кој ја спознава и разбира вистината за себеси. Тоа може да се случи само и само ако поседуваме и негуваме чисто срце, зашто сѐ се случува преку него. Чистото срце и јасниот ум се отворена врата за интуицијата или моментите на проблесоци (momenta lucida) коi нѝ го покажуваат патот.

Многу поедноставено, умот не може да е јасен доколку срцето не е чисто. Звучи едноставно, но е многу комплексно, на моменти мистериозно патување. И често, најдобор е да не патувате сами.

Патувањето го нареков Арс Луцида – Уметност или моќ на јасното разбирање на играта на светлината, внатре, во нас.

Верувам дека вие ќе ја откриете сопствената Арс Луцида и ќе уживате во неа.

Елена Антоновска

Елена Антоновска е резидент во Арс Луцида како двигател и дел од тимот кој стои зад нејзината работа. Таа е Професионален Сертифициран Коуч акредитиран од Интернационалната коучинг федерација (ICF – PCC) и тренер...

Elena-Antonovska-01